| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.08.2017

Куп средбите на Вардар и Шкендија одложени за 30 август

Со оглед на обврските во Лигата на Европа, ФФМ на Вардар и Шкендија им го одложи куп средбите кои требаше да се играат во среда

Куп средбите од 1. коло меѓу Локомотива - Вардар и Гостивар - Шкендија место во среда на 16 август ќе се играат на 30 овој месец. Со ова ФФМ им излезе во пресрет на нашите ево претставници кои на 17 август ќе ги играат мечевите од плејофот во Лигата на Европа со Фенербахче и Милан. Кога сме кај Купот во ова коло Работнички е слободен а сите останати мечеви се играат во среда со почеток од 17 часот.

Инаку Вардар и Шкендија не побарале одложување на своите првенствени натпревари за 20 и 27 август.

(СЛ СЕ ВИКА КУП СЛИКА)



Датум: 13.08.2017, 12:55
Статијата е прочитана 912 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense