| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

13.09.2017

Тотенхем го поништува проклетството на „Вембли“

2 победи на 12 натпревари има Тотенхем на најголемиот стадион во Британија

Многу фудбалски љубители со задоволство би изгледале натпревар од Лигата на шампионите на најголемиот англиски стадион, „Вембли“, но не и навивачите на Тотенхем, кој го гледаат тој стадион како проколнат за своите миленици.
„Спарси“ одиграа 12 натпревари на новиот „Вембли“ (од отворањето во 2007 година) и победија само двапати, а претрпеа дури осум порази. Победија против Челзи во Лига купот во 2008 година, а во минатосезонското издание на ЛШ ја совладаа само московска ЦСКА во последното, неважно коло од групната фаза. Но претрпеа порази од Монако и од Леверкузен, и подоцна, во шеснаесетфиналето на Лига Европа, одиграа 2:2 против Гент (по што беа елиминирани). Исто така, во април го загубија финалето на ФА-купот од Челзи (4:2).
Во новата сезона, на двата меча на домашен терен, освоија само бод. Загубија од Челзи и ремизираа со Барнли.
Кога станува збор за традицијата, тие се многу ценети во Обединетото Кралство, а во овој случај навивачите уште како треперат пред настапите на Тотенхем на „Вембли“ оваа сезона. Дел од навивачите велат дека големината на теренот е проблем за играчите на Тотенхем, кои се навикнати на помал терен. Како и да е, тие едвај чекаат да заврши изградбата на новиот клупски стадион на местото на срушениот „Вајт харт лејн“ и да се тргнат од „Вембли“, кој им претставува „бабарога“.
Тренерот Маурицио Покетино вели дека играчите се виновни за слабите резултати, а не стадионот, кој наводно е проколнат.
„Не можам да се пожалам за стадионот. Мислам дека е до нас. Тоа што примаме голови на “Вембли’ и што не играме добро, е до нас, а не до некакво проклетство или слично“, изјави Покетино.
Тотенхем против Борусија Дортмунд ќе се обиде да започне успешна кампања во ЛШ и да има одличен излет како што направи во дебитантската 2010-2011 сезона, во групите на ЛШ, кога стигна до четврт-финалето.
„Знаеме како поминавме минатата сезона во Лигата на шампионите и нема да го повториме тоа. Мислам дека сме поискусни и помудри од претходната година. Ментално сме посилни, имаме добро разработена тактика и имаме различни начини на пристап. Сите играчи се мотивирани за да покажат дека се подобри од минатата година. Пред нас се тешки натпревари, против Борусија, Реал Мадрид и АПОЕЛ, но се надеваме на добри настапи и резултати“, изјави офанзивниот играч за врска, Кристијан Ериксен.
Она што е хендикеп за „спарси“ е суспензијата на Деле Алин. Тој го одлежува првиот од трите меча во Лигата на шампионите.

 



Датум: 13.09.2017, 16:19
Статијата е прочитана 254 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense