| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

17.02.2017

Лекиќ продолжува со Вардар на уште две сезони

Македонскиот шампион ја продолжи соработката со еден од најдобрите играчи во тимот на уште две сезони

ЖРК Вардар ја продолжи соработката со Андреа Лекиќ и во наредните две сезони. Македонскиот шампион ваквата вест пред малку ја соопшти на својот официјален сајт.

„Не би останувала доколку не сум задоволна. Со овие две години моето останување во Вардар ќе биде шест сезони, и тоа е најмногу што сум се задржала во некој клуб досега. Ова значи сѐ. Не постои нешто што не ми одговара во клубот. Играме и добро, и поставените цели се исти, па тоа е она што те влече напред. Сакам да го напаѓам врвот, а Вардар тоа постојано ми го обезбедува, за да бидеме секогаш напред“ изјави Лекиќ.

Андреа во својата кариера покрај дресот на Вардар, настапуваше и за екипите на Ѓер и Крим. Нашиот шампион, пак, изминативе неколку дена ја продолжи соработката со уште неколку ракометарки. Како што е познато Татјана Хмирова и Андреа Кликовац се договорени на две, додека Барбара Лазовиќ ќе остане уште една сезона.



Датум: 17.02.2017, 11:10
Статијата е прочитана 776 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense