| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

12.10.2017

Парадокс: Службената победа што го елиминира Чиле

Да не се затрчеа по службени бодови против Боливија, Чилеанците сега ќе беа во баражот за СП. Но кој да знае дека овие квалифиакции ќе бидат толку луди

Чиле не успеа да се квалификува на Светското првенство 2018, а парадоксално, делумна вина за тоа има и службената победа што ФИФА му ја додели по мечот со Боливија?! Чиле вложи жалба на ФИФА поради настапот на Нелсон Кабрера, роден во Парагвај, за тимот на Боливија. Овој меч заврши со резултат 1:1. ФИФА ја уважи жалбата на Чиле, па и додели службена победа и три бода на оваа репрезентација.
Но Боливијците играа со Кабрера во составот и против Перу, пет дена пред мечот со Чиле. Тогаш Боливија победи 2:0. Тогаш Перуанците не го забележаа тоа, а дури откако Чиле испрати жалба до ФИФА и тие одлучија да го сторат истото.
Секако, ФИФА и ним им излезе во пресрет, па Перу доби службени три бода од овој меч.
На крајот тоа се покажа како кобно за Чилеанците. Зошто? На крајот од квалификациите се покажа дека Перу и Чиле завршија со по 26 бода, но Перуанците имаа подобра гол-разлика, па, го зазедоа петтото место, кое води во бараж. Чиле го зазеде шестото место, без право на бараж.
Ако Чиле не се жалеше, односно ако ФИФА не им додели службени бодови на Чиле и на Перу, на крај Чиленаците ќе имаа еден бод повеќе од Перуанците и тие ќе одеа во бараж. Вака, поради верижната реакција што самите ја предизвикаа, останаа без бараж.



Датум: 12.10.2017, 14:05
Статијата е прочитана 2472 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense