| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.05.2017

Гоцевски суди на Вардар – Ренова

Струмичкиот судија по трет пат ќе му суди на шампионот сезонава, Дејан Јакимовски е делегиран на натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Работнички


Марјан Гоцевски од Струмица е главен судија на натпреварот Вардар – Ренова во рамките од 34. коло од ПМФЛ. Гоцевски трет пат ќе му суди на шампионот сезонава, и со него Вардар нема ниту еден триумф, откако овој судија ја делеше правдата на натпреварот со Победа (пораз од 1:2) и со Брегалница (нерешено 3:3).

Дејан Јакимовски ќе ја дели правдата на мечот Шкендија – Работнички, додека на Шкупи – Брегалница ќе суди Димитар Мечкаровски. На дуелот Силекс – Пелистер ќе суди Фатон Мустафи, додека помеѓу Победа и Македонија ЃП правдата ќе ја дели Стојанче Стојанов.

СУДИИТЕ ЗА 34. КОЛО
ВАРДАР – РЕНОВА ( Марјан Гоцевски)
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (Дејан Јакимовски)
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА (Димитар Мечкаровски)
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР (Фатон Мустафи)
ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП (Стојанче Стојанов)



Датум: 19.05.2017, 12:41
Статијата е прочитана 2876 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.07.2017
21.07.2017
21.07.2017
20.07.2017
20.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense