| контакт | маркетинг
КОШАРКА

12.09.2017


ЕП: Словенците ја „спакуваа“ Летонија


По Шпанија, место во полуфиналето избори и Словенија која вечерва ја победи Летонија на кошаркарското ЕП


Репрезентацијата на Словенија триумфираше над Летонија во Истанбул со 103:97. Така Словенците вторпат во историјата се пласираат во полуфинале на Евробаскетот, а прво по 2009 година кога во Полска го заземаа четвртото место.
Избраниците на Игор Кокошков за место во финалето ќе се бори со Шпанија која претходно ја победи Германија со 84:72.
Словенците во своите редови ги имаа расположените Горан Драгиќ и Лука Дончиќ. Првиот беше најдобар во победничкиот тим со 26 поени, осум асистенции и шест скокови, а вториот додаде 27 поени и девет скокови. Клемен Препелич запиша 17 поени.
На другата страна, Кристапс Порзингис впиша 34 поени и пет скокови, а Давид Бертанс ја заврши средбата со 23 поени, додека неговиот брат Даирис 12 со шест асистенции.

 



Датум: 12.09.2017, 23:20
Статијата е прочитана 457 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense