| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

12.10.2017


Шкотска и Страхан „раскинаа“


Искусниот стратег ја напушти „Тартан армијата“ по неуспешните квалификации


Не се чекаше многу. Гордон Страхан ја напушти селекторската позиција на шкотската фудбалска репрезентација откако не успеа да ја однесе на второто големо натпреварување по ред. Шкотите одиграа 2:2 против Словенија во последниот меч од квалификациите и испаднаа од трката за Светското првенство 2018. Претходно не успеа да ги однесе на Европскиот шампиона 2016.
Да потсетиме Страхан даде интересно објаснување за дебаклот на селекцијата. Тој посочи дека генетските предиспозиции на фудбалерите се такви што тие не можат да им парираат на противниците во воздушните дуели.
По разговор со челниците на шкотската ФА Страхан и неговиот асистент Марк Мекги обострано го раскинаа договорот со Асоцијацијата.
По заминувањето на Страхан се отвори прашањето кој може да го наследи. Се споменува екс менаџерот на Манчестер јунајтед Дејвид Мојс како и некогашниот тренер на Виган и Кардиф Малки Мек Кеј.



Датум: 12.10.2017, 22:06
Статијата е прочитана 249 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense