| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

14.09.2017

Пешевски ќе „стисне заби“

Пикерот се жали на болка во бутниот мускул, а лекарскиот тим на Металург прави се да биде подготвен за дуелот со Монпеље в сабота

Кружниот напаѓач на Металург, Жарко Пешевски, повреден рано изутринава отпатува за Франција, каде македонскиот вице-првак в сабота против Монпеље ја отвора новата сезона во Лигата на шампионите. Пешевски, по дуелот со Нексе во СЕХА лигата се пожалил на болка во бутниот мускул (по еден непријатен удар со колено од противнички играч). Проблемот се третира, а лекарскиот тим на Металург прави се пикерот да биде подготвен за дуелот в сабота и Лино Червар да го има на располагање.
Пешевски беше одличен во воведните три дуели од сезоната во регионалното натпреварување и се покажа како вистински столб на тимот, од кој несомнено ќе зависат многу работи како во нападот, така и во одбраната.
По последниот тренинг синоќа Червар одлучи за Монпеље да не патуваат голманот Никола Даниловски и крилото Мице Шилегов, додека Марио Танкоски ќе биде дел од тимот на местото на Филип Арсеновски.



Датум: 14.09.2017, 08:13
Статијата е прочитана 357 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense