| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

07.12.2017

Станиќ и руски бекови во „црвено-црните“ редови

Српскиот голман е веќе договорен на една година, додека преговорите со Дмитри Киселев и со Дмитри Санталов се во финална фаза

По серијата официјално потврдени заминувања од редовите на европскиот првак Вардар, стигнуваат и првите информации за новите лица и имиња кои ќе ги гледаме во „црвено-црниот“ дрес од следната сезона. Првото од нив и не е непознато за македонската ракометна јавност, со оглед на тоа дека станува збор за српскиот интернационалец Дарко Станиќ, кој пред неколку години беше дел од Металург. Станиќ ќе биде решението за празното место меѓу диреците по заминувањето на Арпад Штербик, што, од друга страна, значи српски тандем на вардаровиот гол, заедно со Страхиња Милиќ.
Неофицијално Станиќ е веќе договорен на една година, со што добиваат потврда најавите дека пријателските релации меѓу Србинот и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, ќе вродат со соработка, конечно, ќе се реализираат. Со оглед на тоа дека и понудата на пазарот за голманската позиција е сѐ поскромна, нема да биде никакво изненадување ако го видиме Станиќ (кој скоро шест месеци одмора од ракометот) на вардаровиот гол.

РУСКА БЕКОВСКА ЛИНИЈА
Руското лоби во Вардар треба да се засили со доаѓањето на десниот бек Дмитри Киселев, односно левиот бек Дмитри Санталов. Киселев, кој во моментов е дел од тимот на Санкт Петербург, доаѓа како поддршка за Даинис Кристопанс, кој по заминувањето на Хорхе Македа, ќе остане сам на десната страна. Младиот 23-годишен бек има солидно европско искуство, а со оглед на неговите предиспозиции (193 см - 98 кг) се чини дека одлично ќе се вклопи во вардаровата конструкција.
Санталов, пак, кој настапува за Чеховски Медведи, македонската публика сезонава имаше можност да го види во дуелите со Металург во групата Д во Лигата на шампионите. Рускиот репрезентативец беше прв стрелец за „мечките“ на најсилното европско клупско натпреварување (55 гола), а корисен е и во двата правца. Тоа би значело дека одлично ќе се надополнува во ротацијата со Вуко Борозан и со Жоан Кањељас на оваа позиција.
Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров, е задолжен за разговор со руските ракометари, а неофицијално преговорите се во завршна фаза.



Датум: 07.12.2017, 10:31
Статијата е прочитана 5177 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
12.12.2017
12.12.2017
12.12.2017
12.12.2017
12.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense