| контакт | маркетинг
КОШАРКА

19.05.2017

Фенер и Антиќ се во големото Евролигашко финале

Македонецот не доби шанса во победата на својот тим над Реал Мадрид во полуфиналето од Евролигата кое Фенер го доби со 84:75

Екипата на Фенербахче заедно со Перо Антиќ в недела ќе играат во големото финале во Евролигата против Олимпијакос. Турскиот гигант во полуфиналето го совлада Реал Мадрид со 84:75.
Перо Антиќ воопшто не доби шанса на теренот, а лиред кај турскиот гигант беше Богдан Богдановиќ со 14 поен, а зад него следеа одличните Јан Весели и Никола Калиниќ со по 12 кошеви.
Кај Реал единствено добри беа Серхио Љуљ со 28 и Џејси Керол со 21 постигнат поен.
Во мечот за третото место ќе играат Реал Мадрид и ЦСКА Москва од 17:00 часот, додека три часа подоцна ќе се одигра и големото финале меѓу Фенер и Олимпијакос.



Датум: 19.05.2017, 22:35
Статијата е прочитана 1107 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense