| контакт | маркетинг
КОШАРКА

12.10.2017

„Соколите“ двапати ќе гостуваат во Унгарија

Солнок, Нижни Новгород и Фалко вулкано Сомбатељи се трите екипи со кои ќе се сретне Карпош соколи во групната фаза од ФИБА Европа купот.

За рускиот тим од порано се знаеше дека ќе биде во група со „соколите“, а унгарските тимови завчера обезбедија пласман во групната фаза, откако ги совладаа своите противници. Солнок го елиминираше шведски Содертаље, додека Фалко вулкано беше поуспешен од Балкан. Но, бугарскиот клуб не е елиминиран, туку како „среќен губитник“ ќе влезе во групите, бидејќи има клубови како Хувентуд кои отпаднаа од квалификациите за Лигата на шампионите, а не сакаат да играат во групите од ФИБА Европа купот. „Соколите“ испаднаа во првата рунда од квалификациите за ЛШ, и така се преселија во ФИБА купот. Во ова натпреварување квалификации играше и Работнички, но на убедлив начин отпадна од рускиот тим Парма. Потоа Парма беше немоќна во двомечот со француски Ле Портел, па и Русите не влегоа во групите.
Во првото коло на 18 октомври, Карпош соколи гостува во Солнок и ќе игра против екипата за која настапува Кендрик Пери, одличниот американски бек кој во минатата сезона беше еден од најдобрите поединци на „соколите“. Потоа на 25 октомври, во „Борис Трајковски“ ќе гостува Нижни Новгород. На 1 ноември следува и второто гостување во Унгарија, овојпат во Сомбатељи. На 8 ноември во Скопје доаѓаат Солнок и Пери, најдалечното патување е на 15 ноември во Нижни Новгород, а групната фаза завршува на 6 декември, кога тимот од Карпош ќе го пречека Фалко вулкано.
Откако ќе се одиграат шесте кола, најдобрите две екипи од секоја група одат понатаму во разигрувањето за титулата во ова клупско натпреварување.



Датум: 12.10.2017, 13:22
Статијата е прочитана 282 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense