| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

14.01.2018

Сонот е луксуз, нема спиење во Загреб

Играчите, комплетниот медицински персонал во делегацијата, како и стручниот штаб останаа будни до раните утрински часови

Од Загреб за „Македонски спорт“
Весна Николовска

Нема спиење за македонската делегација во хрватската престолнина. Играчите, комплетниот медицински персонал, како и стручниот штаб останаа будни до раните утрински часови по стартната победа на Македонија над Словенија на ЕП.
До три часот наутро репрезентативците го добиваа потребниот медицински третман за да може брзо да се рехабилитираат од тешкиот меч, по кој капитенот Кирил Лазаров прокоментира „Се чувствувам како да одигравме два натпревари, не еден, поради тежината на дуелот“.
Селекторот Раул Гонзалез, неговиот асистент Роберто Парондо, како и тренерот на голманите Александар Царчев, пак, се „фрлија“ на работа, односно ја анализираа нашата игра против Словенија, како и следниот противник, Црна Гора со кој играме в понеделник.
Сонот е луксуз во Загреб, тој е жртва за поголема кауза.



Датум: 14.01.2018, 08:14
Статијата е прочитана 3412 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense