| контакт | маркетинг
КОШАРКА

12.09.2017

ЕП: Шпанија во полуфинале


„Црвената фурија“ на крилата на браќата Гасол стигна до победа за место меѓу најдобрите четири


Шпанија се помачи меѓутоа на крајот ја победи Германија и го продолжи походот кон одбрана на златото на Европското првенство. Резултатот гласеше 84:72 (16:19, 18:14, 31:20, 19:19). „Панцерите“ добро тргнаа, беа добри во дефанзивната и малку фалеше да стигнат до двојна предност. Меѓутоа Шпанците се стабилизираа во втората четвртина и стигнаа до предност од 34:33. Германците го одржуваа резултатот во третиот период, а потоа комплетната ситуација на теренот ја смени Марк Гасол. Помладиот од браќата врза 13 поени, од кои три едноподруго тројки и експресно донесе двојна предност на Шпанците кои до крајот немаа никакви проблеми.
Центарот на Мемфис Гризлис беше најдобар поединец на мечот со 28 поени (6/9 за два, 4/6 за три), десет скокови, четири асистенции, две блокади. Одличен беше и Пау со 19 поени и четири фатени топки, додека двоцифрен ефект имаше и Серхио Родригес со 11 поени.
Кај Германците предничеше Шредер со 27 поени и осум асистенции, но и седум изгубени топки. Шпанците се наоѓаат во серија од шест победи по ред над Германците.
Вечерва се игра другото полуфинале меѓу Словенија и Летонија, а утре се дуелите меѓу Италија и Србија односно Грција и Русија.



Датум: 12.09.2017, 20:41
Статијата е прочитана 237 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense