| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

13.01.2018

БАЈКАТА ОД ЗАГРЕБ: Пробаа со ќотек, им вративме со СРЦЕ

Ех Вујо, Вујо... Ако ти си мајстор нашиот Раул Гонзалес е велемајстор. Проба на сила, со ситни игри, провокации... но не ти пали тоа. Сега и судиите ти се криви но добро знаеш што ти се случи. Ти се случи МАКЕДОНИЈА

Македонија е сензационален победник во Загреб во битката со Словенија во првото коло од ЕП во ракомет. Се „тресе“ престолнината на Хрватска од нашата „Фаланга“. Победена е „брознената“ селекција од последниот мундијал. До овие 25:24 дојдовме многу тешко, изедоа нашите ракометари многу ќотек, противникот постојано мислеше на ситните „селски“ провокации... Издржаа нашите јунаци затоа што знаеја што сакаат. Веселин Вујовиќ проба со „тепање“, па сега ете го судиите не му чинеле но и самиот добро знае што му се случи на него и на сите како него. Им се случи МАКЕДОНИЈА.


Таа хемија на играчи, стручен штаб и навивачи. Тоа е бајката од Загреб и Хрватска. Бајката за ракометарите и „Фалангата“ која трае со години и години. Тоа е таа нераскинлива љубов која ете ни ниси и радости. Ако Вујо е „мајстор“, тогаш нашиот Раул Гонзалес е велемајстор. Тој е најдоброто нешто што ни се случило во спортот. Човек ЦАР!
Нашето срце ете бие победнички во Загреб, во цела Македонија но и насекаде каде што не има... Вечерва сме насмеани и горди. Вечерва ја победивме силната Словенија. Но ова е само почеток на бајката... Одиме понатаму! Во победите сите се херои. Сите! Одиме по ред... Сега на ред е Црна Гора па Германија...!
Знаеме што сакаме, но ете не смееме сега да летаме... Чекор по чекор. Така кажа „Ел Команданте“ и така треба да одиме. Тој знае се.... Ни само да си слушаме ако сакаме да стигнеме онаму каде што вечерва ќе сонуваме дека сакаме да бидеме. Тивко и скришно да се надеваме но да не претераме. Пред нас е нешто ГОЛЕМО!




Датум: 13.01.2018, 22:45
Статијата е прочитана 2592 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense