| контакт | маркетинг
МИКС

12.08.2017

Крај со солзи за Јусеин Болт

Јусеин Болт не успеа да има славеничко збогување од атлетиката, откако во својата последна трка во кариерата на СП во Лондон не ја заврши трката на 4х100 метри поради повреда

Јусеин Болт последната трка во кариерата ја заврши со повреда, додека Велика Британија стигна до шокантна победа на 4х100 метри пред фаворизираните Американци. Јамајка беше во игра за злато, пред Болт во последната промена да истегне мускул на ногата и да заврши на тартанот. Тој успеа да стане и да дојде до целта да ги поздрави фановите кои не можеа да веруваат дека на таков начин ќе се збогуваат со Болт, а во исто време требаа да ја слават и шокантната британска победа.
Лошо збогување со атлетиката имаше и домашниот фаворит Мо Фара, откако беше поразен од Етиопјанецот Муктар Едрис во трката на 5.000 метри, последна во кариерата на Британецот.
По спорото темпо на трката, во последниот круг Етиопјанецот Јомиф Кејелча влезе во предност пред колегата Едрис, додека Фара беше само трет. Американецот Пол Челимо забрза за да влезе во борба за титулата, по што се очекуваше последниот спринт на Фара.
Во другите дисциплини, Марија Ласицкене скокна 2.03 метри за злато во скокот во далечината, но не ја слушаше руската химна, бидејќи настапуваше на првенството како неутрална спортистка. Австралијката Сели Пирсон, пак, имаше победнички кам-бек со титула на 100 метри со пречки, шест години по првата.



Датум: 12.08.2017, 23:20
Статијата е прочитана 847 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense