| контакт | маркетинг

06.09.2017

„Спартанците“ и натаму на 21. место

Нема промени на местото на ранг-листата на одбојкарите, единствената новина е што сега имаме 162 бода, откако ни се запишани и оние од квалификациите за ЕП 2017

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го задржува 21. место во Европа на последната ранг-листа на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), објавена на 4 септември, односно по завршувањето на Европското првенство во Полска.
Единствената новина е што Македонија има имаме 162 бода, односно шест повеќе од претходното рангирање во јули годинава кога имавме (156 бода). Ваквата промена се должи на тоа што сега ни се запишани и оние бодови од квалификациите за ЕП 2017, а повеќе ги нема оние од циклусот за ЕП 2013.
При креирањето на листата се земаат бодовите од учествата на последните две европски првенства (тука се вклучени и квалификациите), па така од циклусот за ЕП 2015 имаме 52 бода, додека од квалификациите за ЕП 2017 сме „заработиле“ 56 бода.



Датум: 06.09.2017, 18:34
Статијата е прочитана 409 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense