| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

14.09.2017


Во Баерн пука: И Рибери го искажа незадоволството

Ситуацијата не е идеална во редоите на германскиот шампион


Во последните неколку денови во Баерн се случуваат чудни работи. Играчите јавно го критикуваат клубот, тренерот и соиграчите, а раководните луѓе им се закануваат со суспензии па дури и со откази. Левандовски го критикуваше клубот поради тоа што не носи големи фудбалски ѕвезди и не издвојува 100 милиони евра за играч како што тоа го прават Манчестер јунајтед или Барселона, а Томас Милер беше незадоволен од тоа што беше ставен на клупата против Вердер...
На мечот од ЛШ меѓу Баерн и Андерлехт гневот го искажа и Франк Рибери кој откако беше заменет го соблече дресот и го фрли на тревата притоа мрморејќи нешто на сметка на тренерот Карло Анчелоти. На сите тројца им се обрати шефот Карл-Хајнц Румениге со остри зборови па дури и со закани, а слично мисли и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Босанецот порача дека такви работи не смеат да се случуваат во Баерн и најави разговор со Французинот во четири очи, но Рибери му возврати:
„Секогаш бев еден од искрените и верни играчи на оваа работа. Ги почитувам навивачите и клубот кој го сакам. Фрлањето на дресот воопшто немаше никаква врска со непочитување или било што друго за што сум обвинет“, напишал Рибери.
„Дадов се за дресот кој го носам повеќе од 10 години и постигнавме многу со мојата импулсивност и волја за победа. Некои луѓе никогаш нема да сватат што значи да се даде се за клубот и жал ми е за нив. Се додека стојам на теренот, јас сум Франк Рибери, ќе ги бранам боите на Баерн и со страст ќе го играм секој нареден меч“, додаде Французинот.
Германските медиуми тврдат дека Карло Анчелоти веќе не ги контролира работите во соблекувалната и дека тој разговара само со неколку играчи. Поради тоа неговото заминување е веројатно и дека веќе се бара негов наследник.




Датум: 14.09.2017, 11:22
Статијата е прочитана 812 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense