| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

19.05.2017

Пред 15 години: Кометал ЃП стана европски шампион

Пред точно 15 години, екипата на Кометал Ѓорче Петров го оствари најголемиот клупски успех во екипен спорт. На денешен ден, 19 мај, „кометалки“ ја направи македонската нација горда, го освоија трофејот во Лигата на шампионите.

Екипата на Кометал ЃП во СЦ „Кале“ беше го совлада Херц-Ференцварош со 26:22 (вкупни 51:49), а Кометал Ѓорче Петров го подгина големиот пехар за дилириум.
По поразот од два разлика во Унгарија Кометал по голема драма ја освои шампионската титула. При 25:22 на 10 секунди до крајот, со „цепелин" Индира Кастратовиќ и Будимир ја крунисаа таа незаборавна вечер за конечни 26:22.
Кометал ЃП од далечната 2002 година, па наваму остана единствената македонска екипа со европска титула, ЖРК Вардар беше близу оваа година, но во финалето не успеа да го совлада Ѓер.


На овој меч за Кометал Ѓорче Петров настапија: Дину, Калиниченко, Кастратовиќ (10 гола), Платон (1), Велкова (5), Бујанова (4), Чупиќ, Будимир (2), Кисељова (2), Андрушенко, Нацева, Малахова (6), Плошницка, Златановска.



Датум: 19.05.2017, 11:15
Статијата е прочитана 794 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.07.2017
21.07.2017
21.07.2017
20.07.2017
20.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense