| контакт | маркетинг

14.05.2017

Хамилтон и Мерцедес најмудри и најбрзи во Барселона

Луис Хамилтон ја намали предноста во генерален пласман на Себастијан Фетел со фантастична победа на интересното Шпанско ГП

Хамилтон стартуваше од пол-позицијата, но веднаш беше поминат од Фетел, за нивната борба да трае до средината на трката кога поради подобра стратегија со гумите, Хамилтон прво го помина Германецот, за потоа да издржи до финишот со одлична победа во најнеизвесната трка досега во 2017.
Подиумот го комплетираше Даниел Рикијардо во Ред Бул, откако Кими Раиконен се судри на првата кривина со Макс Ферстапен и двајцата ја завршија трката таму, додека моторот на победникот од Сочи, Валтери Ботас не издржа цела трка.

ШПАНСКО ГП
1.Луис Хамилтон (Мерцедес)
2.Себастијан Фетел (Ферари)
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
4.Серхио Перез (Форс Индија)
5.Естебан Окон (Форс Индија)
6.Нико Хулкенберг (Рено)
7.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
8.Паскал Верлајн (Заубер)
9.Данил Квјат (Торо Росо)
10.Роман Грожан (Хас)
11.Маркус Ериксон (Заубер)
12.Фернандо Алонсо (Мекларен)
13.Фелипе Маса (Вилијамс)
14.Кевин Магнусен (Хас)
15.Џолион Палмер (Рено)
16.Ленс Строл (Вилијамс)
НЕ ЗАВРШИЈА
17.Валтери Ботас (Мерцедес)
18.Штофел Фандорне (Мекларен)
19.Макс Ферстапен (Ред Бул)
20.Кими Раиконен (Ферари)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Себастијан Фетел (Ферари) 104
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 98
3.Валтери Ботас (Мерцедес) 63
4.Кими Раиконен (Ферари) 49
5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 37
6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 35
7.Серхио Перез (Форс Индија) 34
8.Естебан Окон (Форс Индија) 19



Датум: 14.05.2017, 16:00
Статијата е прочитана 536 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense