| контакт | маркетинг

20.04.2017

Британскиот атлетичар Мејсон загина во сообраќајка

Британскиот натпреварувач во скокови во височина, Џермејн Мејсон, кој освои сребрен медал на Олимпијадата во Пекинг, загина во несреќа на својот мотоцикл

34-годишниот Мејсон, кој е роден на Јамајка паднал од својот мотоцикл во источен Кингстон во 4.20 часот наутро, во обид да избегне возило од другата страна. Мејсон настапуваше за Велика Британија во 2006 година.
Мејсон возел на чело на конвојот на мотоцикли со повеќе атлетичари, како Јусеин Болт и вице-шампионот од СП на 100 метри, Мајкл Фрејтер, како и поранешниот фудбалер на Болтон, Рикардо Гарднер.
Мејсон скокна 2.34 метри на Олимпијадата во Пекинг, за да стигне до среброто зад Русинот Андреј Силнов со 2.36 метри.



Датум: 20.04.2017, 16:34
Статијата е прочитана 746 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense