| контакт | маркетинг
КОШАРКА

10.08.2017

Без продажба на билети за Македонија-Косово

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) одлучи да не пушти во продажба карти за саботниот дуел против Косово, и на натпреварот ќе можат да влезат само тие кои ќе покажат билет од претходниот меч против Естонија

„МКФ сака да ја извести македонската спортска јавност дека по одржаните состаноци и консултации со надлежните органи денес беше донесена одлука, од безбедносни причини, билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба.
Македонската кошаркарска федерација сака да и се извини на сета спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се ускратува можноста на оние кои сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски".
Сите оние кои поседуваат блок-билети можат со истите да присуствуваат на натпреварот, но ќе бидат прераспределени во блок М15.
Натпреварот ќе може да се проследи на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ)“, се вели во соопштението на МКФ.
На дуелот меѓу Македонија и Естонија во салата немаше повеќе од 500 гледачи, од кои најголемиот дел беа спортски работници или кошаркари.



Датум: 10.08.2017, 17:58
Статијата е прочитана 1194 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense