| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

12.09.2017

И Суперкуп титулата е „црвено-црна“

Македонскиот и европски шампион, Вардар освои уште една титула, откако во Суперкупот на Македонија со 30:25 го совлада тимот на Еурофарм Работник

Вардар, кој лани ја освои двојната титула во Македонија, како и трофеите од СЕХА-лигата и од Лигата на шампионите, го додаде трофејот од Суперкупот во богатата колекција, откако РФМ за првпат оваа година го организираше натпреварувањето.
Противник во Суперкупот беше битолскиот Еурофарм Работник, но „силата“ беше кај шампионот. Вардар водеше од почеток до крај на мечот за вкупна победа од 30:25 (19:12) и уште една добра подготовка пред стартот на Лигата на шампионите.
Кристопанс, Шишкарев и Кањељас имаа по 4 гола за Вардар, додека од другата страна, репрезентативецот Ојлески беше најефикасен со 8 гола, додека Мајнов додаде пет.



Датум: 12.09.2017, 18:29
Статијата е прочитана 347 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense