12.01.2017
Лина запиша историја во Мелбурн

Македонската тенисерка со 2:1 во сетови ја совлада Саша Викери од САД и се пласираше во второто квалификациско коло на Австралија Опен.
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа стигна до првата историска победа, откако со 6:2, 3:6, 6:3 славеше во дуелот со Американката Саша Викери, во првото квалификациско коло на Австралија Опен.
Ова е прва победа за една македонска тенисерка на гренд слем турнир. Во второто квалификациско коло, нашата најдобра тенисерка ќе игра против Далма Галфи од Унгарија, која е рангирана на 160 позиција на ВТА листата.
Датум:
12.01.2017, 09:02 |