| контакт | маркетинг

27.08.2017

Белгиската слава за Хамилтон

Луис Хамилтон во својата јубилејна 200. трка успеа да го победи Себастијан Фетел за титулата од Белгиското ГП во Спа, со што ја намали предноста на германскиот ривал на 7 поени

Британецот на крајот беше 2.3 секунди пред Фетел, кој не успеа во единствената шанса да го претекне Хамилтон по заминувањето на безбедносното возило, и сега возачот на Ферари ќе се надева на повеќе среќа (и моќ од моторот) на домашната трка за Скудерија во Монца за две недели.
„Ова беше навистина моќен викенд за тимот и за мене. Сите завршија фантастична работа и прекрасно е да си заминуваш од Спа со трофејот“, изјави Хамилтон по победата.
Подиумот го комплетираше Даниел Рикијардо во Ред Бул, откако со фантастично претекнување, тој успеа да ги помине и Кими Раиконен и Валтери Ботас. Ова е мала утеха за илјадниците холандски фанови на Ред Бул, откако нивниот херој, Макс Ферстапен повторно имаше проблеми со својот болид не ја комплетираше трката.

БЕЛГИСКО ГП
1.Луис Хамилтон (Мерцедес)
2.Себастијан Фетел (Ферари)
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
4.Кими Раиконен (Ферари)
5.Валтери Ботас (Мерцедес)
6.Нико Хулкенберг (Рено)
7.Роман Грожан (Хас)
8.Фелипе Маса (Вилијамс)
9.Естебан Окон (Форс Индија)
10.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
....

ВОЗАЧИ
1.Себастијан Фетел (Ферари) 220
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 213
3.Валтери Ботас (Мерцедес) 179
4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 132
5.Кими Раиконен (Ферари) 128
6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 67
7.Серхио Перез (Форс Индија) 56
8.Естебан Окон (Форс Индија) 47
9.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 36
10.Нико Хулкенберг (Рено) 34

КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ 392
2.Скудерија Ферари 348
3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 199
4.Форс Индија Мерцедес 103
5.Вилијамс Мерцедес 45
6.Скудерија Торо Росо Рено 40
7.Хас Ферари 35
8.Рено Ф1 34
9.Мекларен Хонда 11
10.Заубер Ферари 5



Датум: 27.08.2017, 15:58
Статијата е прочитана 498 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense