| контакт | маркетинг

20.04.2017

Арон Хернандез се уби во затвор!

Поранешната НФЛ ѕвезда на Њу Ингланд Патриотс, Арон Хернандез се обеси во својата затворска келија во Масачусец, ставајќи крај на еден трагичен живот.

27-годишниот Хернандез беше во затвор за убиството во 2013  на Один Лојд, полу-професионален играч на американски фудбал кој беше во врска со сестрата на свршеницата на Хернандез.
Пред само една недела, Хернандез беше ослободен од обвиненијата за убиство на двајца луѓе пред ноќен клуб во Бостон во 2012 година. Неговото самоубиство доаѓа истиот ден кога неговиот поранешен тим беше примен во Белата куќа по повод нивната победа во Супер болот.



Датум: 20.04.2017, 14:14
Статијата е прочитана 454 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense