| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.09.2017


„Романтичарите“ во Купот со мотиви до небо


Денеска на програмата се првите мечеви од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Најинтересно ќе биде во Ѓорче каде Работнички ја дочекува Шкендија


Со првите мечеви од 1/8-финалето во Купот на Македонија, почнува она вистинското кога станува збор за нашето најмасовно натпреварување во мак-фудбалот. Првата елиминациска рунда мина без никакви изненадувања и сензации, сите десет прволигаши останаа во конкуренција и затоа велиме дека од оваа фаза стартува она вистинското.
Секако дека дерби на 1/8-финалето е двомечот меѓу Работнички и Шкендија. И лани овие две екипи се сретнаа во оваа фаза, тогаш подобра беше Шкендија. Токму затоа велиме дека „романтичарите“ имаат мотиви до небо. Да се потсетиме дека Шкендија во 2016 година, во финалето го победи Работнички, значи многу му должи кога станува збор за Купот на Македонија. Има уште многу интересни двомечеви тука, но рековме веќе, дерби е Работнички - Шкендија, големите фаворити за освојување на драгоцениот пехар. Меч кој се игра на стадионот во Ѓорче.


ДВОЈКИ ЗА 1/8-ФИНАЛЕТО ВО КУПОТ
ДЕНЕСКА, 15:30 Ч.
КРАТОВО: СИЛЕКС - А. ПАНДЕВ
(Судија: Игор Стојчевски - Скопје)
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ - ШКЕНДИЈА
(Судија: Марјан Маркоски - Охрид)
СКОПЈЕ: СКОПЈЕ - ЕУРОМИЛК
(Судија: Јосип Бартон - Скопје)
БИТОЛА: ПЕЛИСТЕР - БОРЕЦ
(Судија: Александар Ставрев - Скопје)
ГЕВГЕЛИЈА: КОЖУФ - ТЕТЕКС
(Судија: Петар Мантев - Неготино)
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА - ПОБЕДА
(Судија: Марјан Стојановски - Кичево)
ТЕТОВО: РЕНОВА - СТРУГА ТРИМ ЛУМ
(Судија: Димитар Мечкаровски - Скопје)
*ВАРДАР - ШКУПИ (одложено)
**Реваншите се играат на 18.10.2017, во 14:30 часот



Датум: 13.09.2017, 10:49
Статијата е прочитана 577 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense