| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

12.09.2017

Марсениќ со расечена усна, неизвесен за ЛШ



Повредата делува наивна, но ќе биде потребно со конци да се санира истата, а со оглед на локацијата, таа ќе биде и тоа како видлива, што ја комплицира ситуацијата

Кружниот напаѓач на Вардар, Мијајло Марсениќ во второто полувреме заработи расекотина на усната во дуел со противнички ракометар и за него натпреварот заврши предвреме.
Пикерот не се појави ниту на доделувањето на медалите и пехарот бидејќи дел од лекарскиот тим се обиде експресно да интервенира. Повредата делува наивна, но ќе биде потребно со конци да се санира истата, а со оглед на локацијата, таа ќе биде и тоа како видлива, што ја комплицира ситуацијата. Ова го става под сериозен знак прашалник настапот на Марсениќ на првиот меч против Висла Плоцк во Лигата на шампионите.



Датум: 12.09.2017, 20:01
Статијата е прочитана 533 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense