| контакт | маркетинг

31.07.2017

Две македонски пресметки на стартот



Ждрепката за вториот фјучрс турнир во Скопје сакаше во првото коло да има два натпревари во кои ќе се сретнат македонски тенисери

Во едниот меч, Димитар Грабул ќе игра со Бесир Дургути, додека во другиот, силите ќе си ги одмерат Стефан Мицов и Горазд Србљак. Нашиот прв рекет, и 600-ти тенисер на светската АТП листа, Томислав Јотовски, немаше многу среќа и ќе игра со Дује Кекез од Хрватска. Шендрит Деари за ривал го доби Бразилецот Ерик Калегер, а тешка задача ќе има Давид Мицевски против третиот фаворит Нино Сердарушиќ.
Македонските тенисери, своите мечеви во поединечна конкуренција ќе ги играат в среда.
Мицевски и Деари се најдоа на главниот турнирот откако успешно ги минаа квалификациите, Дургути, Мицов и Србљак добија вајлд-карти, а Јотовски и Грабул со рејтингот и квалитетот кој го имаат, директно влегоа во битка на турнирот со награден фонд од 15.000 долари. Ова е втор од трети фјучрси по ред кои ќе се одржат на терените на „Тенис парк“ во Скопје. На првиот триумфираше Максимилијан Нојхрист, кој во полуфиналето беше подобар од нашиот Јотовски.



Датум: 31.07.2017, 19:35
Статијата е прочитана 476 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense