| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

19.05.2017

ЖРК Вардар и Металург во финалето од македонскиот куп

Двата големи скопски ривали имаа лесна полуфинална задача и се пласираа на завршниот меч од купот во Македонија, каде што секако фаворитската улога му припаѓа на ЖРК Вардар

Женските екипи на Вардар и Металург ќе ги одмерат силите во утрешното финале (12:30 ч.) во купот на Македонија. Двата големи скопски ривали во полуфиналето немаа тешка задача.
Металург кој воедно е и домаќин, го совлада Прилеп со 43:15. Во вториот полуфинален дуел се соочија ЖРК Вардар и Гевгелија, каде што „црвено-црните“ девојки демонстрираа супериорност и победија со 56:16.
Вардар важи и во утрешното финале важи за апсолутен фаворит, па затоа не би требало да има проблеми да ја освои првата од двете титули во само неколку дена. Во понеделник се игра и завршницата од домашното првенство.



Датум: 19.05.2017, 17:39
Статијата е прочитана 557 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.07.2017
21.07.2017
21.07.2017
20.07.2017
20.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense