| контакт | маркетинг

07.05.2017

Педроза и Хонда супериорни во Херез

Дани Педроза триумфираше на Шпанското ГП во Херез пред својот колега Марк Маркез, додека Хорхе Лоренцо го освои првиот подиум како возач на Дукати додека главните фаворити Јамаха имаа ужасна трка

Маркез избра тврда задна гума, додека Педроза беше на „средна“, за во финишот на трката да има интересен дуел на двајцата возачи на Хонда, за Педроза да издржи и да победи во јубилејната 3.000-та Мото ГП трка. Подиумот го комплетираше Хорхе Лоренцо, за првпат по трансферот во Дукати да оствари пласман меѓу првите три.
„Ова беше екстремно тешка трка за да се остане смирен, а сакав да бидам многу побрз. Прекрасно е да се победи во Херез“, вели Педроза.
Лоренцо го помина Јохан Зарко за третото место по половина трка, додека петти заврши Андреа Довициозо во Дукати пред Маверик Вињалес и Данило Петручи (Прамак Дукати). Лидерот во генерален пласман, Роси имаше ужасна трка во
вториот дел за да заврши на 10. место зад Алекс Еспархаро во Априлија.

ШПАНСКО ГП - ХЕРЕЗ
1.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 45:26.827
2.Марк Маркез (Шпа) - Репсол Хонда +6.136
3.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Дукати Тим +14.767
4.Јохан Зарко (Фра) - Монстер Тех 3 Јамаха +17.601
5.Андреа Довизио (Ита) - Дукати Тим +22.913
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Валентино Роси (Ита) - Мовистар Јамаха 62
2.Маверик Вињалес (Шпа) - Мовистар Јамаха 60
3.Марк Маркез (Шпа) - Репсол Хонда 58
4.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 52
5.Андреа Довициозо (Ита) - Дукати Тим 41

 



Датум: 07.05.2017, 15:14
Статијата е прочитана 555 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.07.2017
21.07.2017
21.07.2017
20.07.2017
20.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense