| контакт | маркетинг

14.05.2017

Надал покажа дека е „Крал на земја“ и во Мадрид

Рафаел Надал е незапирлив оваа пролет. Шпанецот го освои петтиот трофеј на Мадрид опен откако со 7:6(8)/6:4 го победи Доминик Тим

Во полуфиналето во Мадрид, Надал ја прекина „лузерската“ серија од 3 години и седум меча против Новак Ѓоковиќ, а во тешкото финале беше потребен само еден брејк во вториот сет за победа.
Надал оваа година повторно наликува на стариот „Крал на земја“ од сезоната 2013, бидејќи има 15-0 скор на земјена подлога, а во исто време се израмни со Ѓоковиќ со 30. АТП Мастерс 1000 титула. Тим, пак, го играше своето прво Мастерс 1000 финале, и многумина со право му прогнозираат шанса да освои гренд слем титула.



Датум: 14.05.2017, 20:47
Статијата е прочитана 694 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense