| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.01.2017

Бабунски: Никогаш не добив одговор зошто не играм

Фудбалерот низ социјалните мрежи ја објасни целата ситуација со неговиот статус во Црвена Звезда

Давид Бабунски преку социјалните мрежи одлучи да ги искаже сите овие месеци минати во дресот на Црвена Звезда каде што не ја доби потребната минутажа и шанса од страна на белградскиот тим. Еве што напиша на својот „Фејсбук“ профил.

„За сите Звездаши. Како би избегнале можни несогласувања и погрешни информации, се одлучив да ги употребам моите социјални мрежи како единствен начин да го поделам со вас моето размислување и емоциите во врска со мојата ситуација околу заминувањето од Црвена Звезда. Иако голем број на луѓе ми потенцираа да не помислувам да доаѓам да играм на овие простори после завршувањето на епизодата во Барселона, одлучив и покрај сите контра препораки да потпишам за Црвена Звезда. Одлука за која ниту во еден момент не зажалив и никогаш нема да жалам. Звезда беше идеално место во која што сакав да се реализирам како играч, да го развијам мојот фудбалски потенцијал и да дадам важен скок во развојот на кариерата. Клубот ми понуди голем спортски проект и поддршка тоа да се реализира. Рекоа дека ќе бидам замена за Грујиќ и многу важен играч за иднината на клубот.

Како што се виде не го оддржаа зборот. Трпеливо чекав 10 месеци без играње, без плати и без ниту една направена недисциплина од моја страна. Работев професионално и никогаш не направив или реков нешто кое ќе го загрози респектот према било кој во Црвена Звезда и секогаш се однесува коректно.

Но, дојде денот кога требаше да реагирам. Направив состанок со челниците на клубот каде што отворено им ја објаснив мојата ситуација. Гледам дека не напредувам фудбалски, губам време чекајќи шанса и морав да донесам одлука во врска со тоа што други играчи добиваат повеќе шанса да играат. Од сите играчи кои доаѓаа и заминуваа од јануари до јуни, мислам дека сум единствен кој не доби вистинска шанса да игра.

Многу сум благодарем што главните луѓе во Звезда ја разбраа мојата ситуација и затоа што тие најмногу инсистираа на моето доаѓање во клубот, тие ми рекоа дека тоа што не играм е чиста одлука на тренерот што е логично и коректно.

Со тренерот немам и немав никаков проблем. Гроф е една многу забавна личност. Не зборува многу со играчите, посебно не со оние кои не играат многу или на кои не смета. За време на целиот престој не добив ниту едно објаснување од негова страна или некоја иснтрукција околу системот на игра или што тој сака да играм.

Кога го прашав за причината за малата минутажа, секогаш ми одговараше: „Нема никакви проблеми. Се е супер, само продолжи така. Задоволен сум од твојата работа и брзо ќе ти дадам шанса да играш“. Го прашав дали тоа значи неколку мечеви во континуитет или само последните 15 минути. Ми одговори 2-3 натпревари во континуитет.

И тие 2 или 3 не цели натпревари е максимумот од мојот континуитет во Звезда. Ако на овие натпревари и плус мала минутажа на останатите мечеви морав да направам нешто екстра како на пример да поминам 3-4 противнички играчи и да дадам гол или асистенција за толку кратко време, тогаш нема што да се каже. Тогаш се што направив во Звезда е целосно фијаско. Додека другите играчи исто така или уште помалку покажуваа, но добиваа во континуитет 10-15 натпревари. Сите кои доаѓаа имаа најмалку 6-7 меча, а јас ниту после добри игри (како на пример со Металац) не бев ниту на клупа следните мечеви. Причина? Непозната. Последниот меч пред паузата повика 17 играчи, иако бев тука, мене не ме повика. Јасен сигнал дека треба да го сменам клубот.

Не можам да го обвинам тренерот, тој има свои идеи. Освои титула, и на пат е да ја освои и следната. Но, кога еднаш пред натпревар ми даде инструкции на табла: „Бабуне, немој ти ова како Иниеста, Чави или Меси одигрување долги додавања низ средина. Топка на страна и во простор“, сватив дека мојот начин на игра не се вклопува воопшто во неговата фудбалска визија. Можам да се адаптирам, но тешко е да се елиминира или промени радикално за кратко време стилот на играта кој што учев 10 години во клубот каде што на ист начин учеа Иниеста, Меси и Чави.

Никогаш не ја разбрав правата причина за моето малку присуство на теренот, и моите соиграчи, навивачи и новинари не го разбираа. За крај сакам да се заблагодарам на навивачите. Звезда треба да биде горда што ве има вас. Неверојатна е поддршката која ја примив од ваша страна иако на теренот минував многу ретко. Благодарност и за оние кои секојдневно во последниот период пишувавте пораки за поддршка на мојата ситуација. Ти благодарам Звездо“, напиша на својот профил Бабунски.



Датум: 11.01.2017, 20:18
Статијата е прочитана 1441 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.02.2017
23.02.2017
23.02.2017
23.02.2017
23.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense