| контакт | маркетинг

29.05.2017

Новак и Рафа без мака на стартот во Париз

Рафаел Надал го почна походот кон 10. титула на Францускиот опен со лесна победа во првото коло над Французинот Беноа Пер, додека неговиот можен противник во полуфиналето, Новак Ѓоковиќ во првиот меч со Андре Агаси како тренер беше подобар од Марсел Гранољерс

Ѓоковиќ, кој е актуелен шампион во Париз, нема освоено гренд слем трофеј токму од тој од Ролан Гарос пред точно една година. Против Гранољерс, Ѓоковиќ загуби на свој сервис четири пати, но го контролираше резултатот од почетокот за крајот за да создаде 20 брејк-шанси и да искористи осум од нив за 6:3/6:4/6:2 победа.
Четвртиот носител Надал имаше некои одлични удари, но мораше да се потруди во вториот сет пред да стигне до 6:1/6:4/6:1 победа. Пер, кој е 45. на АТП-листата загуби брејк на почетокот на вториот сет, но потоа врати со два брејка за 3:1 водство.
И актуелната шампионка, Шпанката Гарбиње Мугуруза ја започна одбраната на титулата со победа над шампионката од 2010, Франческа Скијавоне со 6:2/6:4.

 



Датум: 29.05.2017, 16:41
Статијата е прочитана 1018 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense