| контакт | маркетинг
ТЕНИС

17.04.2017

Мареј и Ѓоковиќ подготвени за кам-бек

Светскиот број 1, Енди Мареј и светскиот број 2, Новак Ѓоковиќ се враќаат на тениските терени оваа недела на Мастерсот во Монте Карло, стартот на европската сезона на земја која кулминира со Францускиот опен во мај

Мареј последен пат играше на Индијан Велс на 12 март, и ќе продолжи со тенисот против Жил Милер или Томи Робредо во второто коло во среда.
„Немаше да играм ако сметав дека ризикувам. Подготвен сум да се вратам во игра секој ден“, вели Шкотланѓанецот.
Ѓоковиќ исто така го пропушти Мастерсот во Мајами поради повреда на лактот, но играше за Србија во Дејвис купот минатата недела.
„Верувам дека можам да ги стигнам резултатите кои ги посакувам. Победив тука во 2013 и 2015 и мислам дека ова е добро место за нов старт“, вели Ѓоковиќ.



Датум: 17.04.2017, 15:22
Статијата е прочитана 771 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense