| контакт | маркетинг

13.04.2014

Кожув само го испоти МЗТ

Бранителот на титулата дојде до седмата победа во низа, откако на домашен терен ги совлада гевгеличани со 79-75 во воведниот меч од седмото коло во Суперлигата.

МЗТ Скопје ја забележа седмата победа во низа во Суперлигата, откако едвај го совлада Кожув со 79-75 (16-14, 21-16, 28-25, 17-17) во рамките на седмото коло во Суперлигата.
Избраниците на Игор Михајловски се покажаа како доста незгоден против и покрај тоа што на оваа средба играа без најдобриот кошаркар, МекНил, кој ги напушти редовите на Кожув.
Мечот влезе во драматична завршница, по највисоката предност за МЗТ од 72-63, Кожув намали на 76-73 во последните 30 секунди со поените на Хол, а Ѓурасовиќ пропушти да израмни за голема драма. Ѓуроски погоди едно од двете слободни фрлања за 77-73, Крстевски на другата страна погоди за 77-75. Темс со две слободни фрлања ги постави конечните 79-75.
Темс и Симоновски со по 15 поени беа први имиња кај МЗТ каде Дреновац постигна еден поен помалку. Кај Кожув кој остана без МекНил, Мијовиќ имаше 17 поени.



Датум: 13.04.2017, 20:54
Статијата е прочитана 506 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense