| контакт | маркетинг
КОШАРКА

30.12.2014

Ѓорческа и Јотовски со „плус“ еден


Нашите најдобри двајца тенисери, Лина Ѓорческа и Томислав Јотовски, забележаа подобрување од една позиција во сингл на новите ренкинг-листи.


Ѓорческа со тој напредок сега се наоѓа на 400. место, додека во двојки се задржа на пласманот од минатата седмица (363). Јотовски, пак, сега е под број 546. Во дубл, Томи следната година ќе ја стартува од 710. позиција.
Димитар Грабул, пак, ја продолжи серијата од неколку седмици каде што забележува „минус“  во сингл, каде во моментов е на 641. место. Стефан Мицов во оваа седмица ќе биде на 1.304 позиција.
Вториот наш женски рекет Магдалена Стоилковска, која е активна само во дубл, напредуваше  и сега е под број 958.



Датум: 30.12.2014, 15:02
Статијата е прочитана 3384 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense