19.05.2017
ЦСКА Москва е редовен „пациент“ на Олимпијакос на фајнл-фор
Грчкиот тим иако важеше за аутсајред во ова полуфинале, со неверојатен пресврт дојде до победата од 82:78 и прв закажа пласман во финалето

Екипата на Олимпијакос е првиот финалист на фајнл-фор турнирот во Евролигата. Најдобриот грчки тим во полуфиналето успеа да ја шокира ЦСКА Москва и да ја победи со 82:78. И покрај лошото прво полувреме на Атињаните кои беа во негатива од од седум поени (40:33), а на подоцнежната пауза меѓу четвртините имаа заостанување само четири коша, сето тоа најави интересна завршница. Олимпијакос се надмијна себеси и тоа предводен од искусниот капитен Спанулис кој едноставно блескаше во завршницата. Тоа беше доволно за победа од 82:78 и обезбедување на нов атак на круната, откако претходно е елиминирана ЦСКА. Најефикасен кај колективот од Москва беше Милош Теодосиќ со 23 поени, додека, пак, кај победничкиот тим највеќе уфрлија Папаниколау, Принтезис и Спанулис кои дојдоа до 14 кошеви. Второто полуфинале меѓу Фенербахче и Реал Мадрид е закажано за 20:30 часот.
Датум:
19.05.2017, 20:08 |