| контакт | маркетинг
КОШАРКА

18.05.2017

Меѓународен мини баскет фестивал ЈУНИОР 2017 - Фестивал на кошарка, дружење и забава

Овој викенд на Скопски Саем за прв пат во Македонија се одржа голем интернационален мини баскет фестивал во организација на Школата за мини баскет ЈУНИОР а во соработка со организаторите на најголемиот мини баскет фестивал во Европа – “Рајко Жижиќ” од Србија кои веќе 17 год. традиционално го организираат овој фестивал на Белградски саем.

 
Младите кошаркари и тренери за мини баскет од цела Македонија овој викенд покажаа прекрасен пример преку спортот како македонскиот народ треба да се сплоти без разлика на пол, возраст, вероисповед, националност и други разлики. 
Овој викенд на Скопски Саем за прв пат во Македонија се одржа голем интернационален мини баскет фестивал во организација на Школата за мини баскет ЈУНИОР а во соработка со организаторите на најголемиот мини баскет фестивал во Европа – “Рајко Жижиќ” од Србија кои веќе 17 год. традиционално го организираат овој фестивал на Белградски саем.


Целта на овој фестивал е пред се дружење помеѓу децата од цела Македонија и други земји, забава и овие млади кошаркари да одиграат што повеќе натпревари заради стекнување на искуство, како и афирмација на македонскиот кошаркарски квалитет.
На овој прв фестивал учество земаа вкупно 42 екипи или околу 600 кошаркари родени 2006, 2007, 2008, 2009 и помлади од цела Македонија (Скопје, Гостивар, Велес, Штип, Неготино, Охрид, Струга, Богданци, Куманово, Струмица, Пробиштип, Кочани) и Србија.
Се одиграа вкупно 70 натпревари на 3 терени, на кошеви и со баскети прилагодени на возраста на децата. Во мини баскетот нема победници, нема семафор и резултат, зашто сите учесници се победници и сите на крајот добија медаља за учество.
За забавата се погрижија маскотите Малешка и Чунга Лунга. Сите учесници добија подароци од нашите верни пријатели Чунга Лунга и кафетеријата Ле Петит.


Фестивалот имаше хуманитарен карактер – беше организирана хуманитарна акција за собирање на парични донации за обновување на домот на малата Ана Колевска од Петровец чија куќа настрада во пожар.
За време на фестивалот се одржаа и два едукативни Семинари за сите тренери кои ги водеше Дрор Бригер, познат Израелски тренер кој има огромно тренерско искуство во работа со млади категории на играчи ширум Европа. Во својата богата тренерска кариера водел тимови како Хапоел Кфар и  Хашарон и бил селектор на репрезентацијата на Израел У16 од 2000-2005 год. Тој е основач на European Sports Events.
На фестивалот беше промовирана и најдобрата иновативна технологија во спортот која ја користат најдобрите НБА тимови - PLAYSIGHT SMARTCOURT FOR BASKETBALL. Кошаркарскиот клуб ЈУНИОР е пионер во воведувањето на новитети во кошарката во Македонија и пошироко и е прв клуб на Балканот кој ја воведе оваа иновативна технологија.
Се надеваме дека овој настан ќе стане традиционален.

 



Датум: 18.05.2017, 15:09
Статијата е прочитана 1166 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense