| контакт | маркетинг
КОШАРКА

19.05.2017

Победа која значи половина титула

Третиот натпревар помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош соколи може, но и не мора да биде пресуден околу освојувањето на шампионската титула во македонското првенство

Сепак, тимот што ќе победи вечерва и ќе поведе со 2-1, ќе биде во голема предност во пресрет на четвртиот дуел в недела, во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Домашниот терен е предноста на „металците“, кои во ова финале не ја прикажуваат играта што ја посакуваат тренерот Анте Назор и нивните навивачи. Целта на петкратниот шампион ќе биде да го запре шутот за три поени на гостите и да одигра еден меч со што помалку поени во својот кош.
„Не смее да ни се повтори игра на голем број поени. Тоа е нешто што повеќе му одговара на противникот. Мора да влегуваме подобро и поцврсто со мечевите и никако да не дозволиме пад на концентрацијата. Од старт мора да тргнеме без калкулации. Не можеме да си дозволиме лежерност и калкулации. Треба да се игра добро во сите 40 минути, не само во последните 10, како на првите два меча. Изданието од последните четвртини е она што треба да ни биде патоказ како да играме“, вели Назор. 
Карпош соколи е сериозна закана за титулата на МЗТ. Тимот на тренерот Драган Николиќ покажа дека може да биде рамноправен со „штрковите“ и во „Јане Сандански“. Ако сака да ја освои историската прва титула, а сака, К. соколи мора да триумфира во Аеродром, нешто што засега не му пошло од рака.



Датум: 19.05.2017, 18:36
Статијата е прочитана 518 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense