| контакт | маркетинг

30.07.2017

Триумф на Фетел на „Хунгароринг“

Возачот на Ферари без проблеми на патеката во Унгарија

Возачот на Ферари Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата награда на Унгарија, 11 трка во овогодинешниот шампионат во Формула 1. Германецот вторпат во кариерата славеше на патеката „Хунгароринг“, а притоа ја впиша четвртата победа оваа сезона и 46. во кариерата.
Второто место го освои неговиот тимски колега Кими Рајконен, додека на третото место на подиумот се најде возачот на Мерцедес Валтери Ботас. Значи ист распоред како во квалификациите.
Од пол позицијата стартуваше возачот на Ферари Себастијан Фетел, следен од клупскиот колега Кими Рајконен, додека од вториот ред стартуваа возачите на Мерцедес Валтери Ботас и Луис Хамилтон, а следуваа возачите на Ред Бул...
Фетел ја поведе колоната, а и Рајконен имаше силен старт, но одзади се случи првиот инцидент кога тимските колеги Верстапен и Рикијардо се судрија меѓу себе по вториот свиок и излетаа од патеката. Даниел имаше пукната гума и радијатор, а Верстапен отиде во боксот и доби казна од 10 секунди поради тоа што го предизвикал сударот. Контактот на двајцата возачи на Ред Бул му помогнаа на Хамилтон да остане на петтата позиција. Тоа беше и највозбудливиот момент на трката на славната „Хунгароринг“.
Фетел од стартот беше незапирлив за своите ривали, а иако Рајконен во текот на трката беше блиску не ризикуваше да го нападне.
Луис Хамилтон беше четврти, а Ферстапен заврши на петтото место и покрај проблемите на стартот од трката.
Во генералниот пласман Фетел остана на првата позиција со 202 бодови и сега има 14 бодови повеќе во однос Луис Хамилтон и 33 повеќе од третиот Валтери Ботас.

 



Датум: 30.07.2017, 16:09
Статијата е прочитана 559 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense