| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.08.2017

Османи: Според шансите премалку се овие 2:0



Стратегот на Шкендија не го криеше своето задоволство по триумфот над Вардар, иако смета дека неговиот тим требало да победи со поголема разлика

Феномелно враќање на Ќатип Османи на клупата на Шкендија по цели пет години пред фановите во Тетово. Во својот прв настап тој го победи Вардар и за прв пат славеше над Гоце Седлоски...
„Секако дека сите мора да бидеме задоволни со оваа победа над Вардар. Пред натпреварот ќе бевме задоволни со било каква победа но сега сметам дека овие 2:0 се премалку во однос на тоа колку шанси имавме. Апсолутно доминиравме и заслужено триумфиравме над големиот ривал. Јас сум задоволен од изданието на играчите на Шкендија, во целост ги исполнија задачите“ истакна Османи.



Датум: 12.08.2017, 20:19
Статијата е прочитана 3213 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense