| контакт | маркетинг
КОШАРКА

05.08.2017

Македонија повторно загуби, Естонија подобра во Скопје!

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа нов пораз во претквалификациите за СП, откако дома со 80:76 загубивме од Естонија

Македонија имаше сигурен старт, откако предводени од капитенот Војдан Стојановски првата четвртина ја добивме со 29:17. Меѓутоа, Естонците нападнаа со тројки и на полувремето имаа предност од 43:42.
Во 35. минута, Естонија водеше со 73:66, за на крајот да не ја загубат предноста до финишот на натпреварот.
Војдан Стојановски со 26 поени беше најефикасен во нашите редови, Џордан Теодор имаше 13 поени.



Датум: 05.08.2017, 22:22
Статијата е прочитана 1314 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense