| контакт | маркетинг

29.03.2017

Мик Шумахер: Мојот татко ми е идол

Мик Шумахер го прекина долгиот молк околу неговиот татко, признавајќи дека седумкратниот Формула 1 шампион и поранешен возач на Ферари и Мерцедес е неговиот идол

Синот на Михаел Шумахер наполни 18 години и оваа година настапува во конкурентната Европска Ф3 серија, која се смета за еден од последните чекори пред Ф1.
„Мојот идол е мојот татко. Едноставно, бидејќи е најдобриот. Тој е мојот идол“, изјави Мик Шумахер во интервју за германската РТЛ.
Целта на Шумахер јуниор е исто така амбициозна - да го повтори успехот на неговиот татко и да стане Ф1 шампион.
„Главната цел останува да се биде Ф1 шампион. Во моментов работам на мој начин, а што ќе донесе иднината ќе видиме“, вели Шумахер јуниор, кој веќе е амбасадор на Мерцедес, а има и отворена понуда да биде дел од младинската програма на Ферари.




Датум: 29.03.2017, 20:09
Статијата е прочитана 1933 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense