| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

09.09.2017

ГОНЗАЛЕЗ: Среќен сум што победуваме пред Лигата на шампиони, подготвени сме

Тренерот на Вардар, Раул Гонзлаез и неговите избраници на сметка на незгодниот Мешков Брест покжаа дека оваа сезона во СЕХА-лигата ретко кој ќе може да ги сопре.


Вардар е на вистинската патека пред стартот на Лигата на шампиони. Европскиот првак вчера против Мешков Брест уште еднаш покажа сила и доминација. Белорускиот тим се обиде со „7 на 6“ да ги сопре „црвено-црните“, но не успеа, напротив прими лесни голови.
„До пред дуелот со Металург не бевме навикнати да ја играме оваа одбрана, зошто никој не играше така, ’7 на 6’, сега се навикнавме, и се подготовиме. Како и против Металург, така и против Брест одигравме одлична одбрана против таков напад и погодивме неколку пати на празен гол.
Среќен сум дека за победата против Брест. Тие имаат олдичен тренер и одлични играчи. Ние бевме многу мотивирани и секогаш ни е тешко да играме против нив. Не смеевме да се опуштаме, ако сакаме успех против Брест. Факт е дека нашата одбрана беше одлична и среќен сум што победуваме пред стартот на Лигата на шампионите и мислам дека сме спремни за настап" – дополнува Шпанецот.
И на овој натпревар Гонзалез им даде шанса за игра и на Мартин Поповски, Тоше Ончев и Даниел Ѓорѓески.



Датум: 09.09.2017, 10:24
Статијата е прочитана 397 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense