| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

31.07.2017

Европски тест за кадетките

„Не наметнувам никакви очекувања, нема потреба од притисок. Единствено што барам е сето она што го работевме во изминатиов период, да се пренесе на теренот“, вели селекторот Дамчевска

Сѐ уште под импресии од успехот на машката младинска репрезентација на Светското првенство У21 во Алжир, Ракометната федерација на Македонија ќе мора да се насочи на домашен терен, односно на СРЦ „Кале“, каде што е организатор на ЕХФ У17 шампионатот во женска конкуренција. Кадетките ќе бидат домаќинки на вториот турнир од шампионатот (истовремено, првиот турнир се игра во Литванија), од денеска до 6 август.
Селекторот Јулијана Дамчевска скоро цел месец со тимот ја гради натпреварувачката форма за шампионатот. Подготовките почнаа во Маврово, продолжија во Скопје, со константни тренинг-натпревари со младинската селекција, која сега настапува на ЕП во Словенија, како и со два пријателски дуела со Бугарија (два пораза), кои, всушност, беа и генерална проверка на силата.
„Презадоволна сум од ангажманот, сериозниот пристап, мотивираноста и пожртвуваноста на девојките во текот на подготвителниот период. Сѐ беше како што треба. Сега доаѓа главниот испит. Не наметнувам никакви очекувања, нема потреба од притисок. Единствено што барам е сето она што го работевме во изминатиов период, да се пренесе во пристапот кон натпреварот и на самиот терен“, кусо изјави селекторот Дамчевска.
На шампионатот ќе настапат десет репрезентации, поделени во две групи. Македонија, во групата А, ги пречекува Полска, Швајцарија, Грција и Фарските Острови, додека во групата Б разигруваат Словенија, Бугарија, Исланд, Израел и Косово.

ОТВОРАМЕ СО ГРЦИЈА
Македонија е слободна во првото коло од групата А, додека првиот натпревар го игра во вторник, 17 часот, а прв противник во групата ѝ е Грција.
Втор противник ни е Швајцарија, ден подоцна (во истиот термин). Пауза во шампионатот има на 3 август, додека на 4 август ги пречекуваме Фарските Острови, а групната фаза ја затвораме со Полска.
Според пропозициите, по завршувањето на групната фаза, првопласираните тимови ќе се сретнат во финалето, екипите кои завршиле на второто место на табелите ќе играат за третото место... Сите натпревари ќе се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје.



Датум: 31.07.2017, 09:52
Статијата е прочитана 734 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense