| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

18.05.2017

Шишкарев останува верен на Вардар

Македонскиот првак денеска и официјално потврди дека ја продолжи соработката со руското крило на уште една година

Данил Шишкарев и во наредната сезона ќе го гледаме во „црвено-црниот“ дрес на Вардар. Рускиот крилен играч ја продолжи соработката со македонскиот шампион за една натпреварувачка година. Шишкарев во Вардар е од 2014 година, а оваа сезона, како за него, така и за клубот е најдобра од сите претходни.
Сезонава тој постигна 30 голови во Лигата на шампионите, а беше најдобар кога е најпотребно. На вториот дуел меѓу Вардар и Фнелзбург ја торпедираше мрежата на германскиот тим постигнувајќи пет погодоци.



Датум: 18.05.2017, 14:29
Статијата е прочитана 602 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense