| контакт | маркетинг
ТЕНИС

15.05.2017

Федерер ќе го „прескокне“ Ролан Гарос

Освојувачот на рекордни 18 гренд слем титули, Роџер Федерер се повлече од Францускиот опен, решен да се фокусира на сезоната на трева и ловот на седма титула од Вимблдон
Федерер, победникот на последниот гренд слем (Австралискиот опен) претходно најави дека ја пропушта цела сезона на земја, и сега потврди дека ќе се фокусира на сезоната на трева.
„Стартот на сезоната беше магичен за мене, но морам да признаам дека распоредот ќе биде клуч на долговечноста на мојата кариера. Затоа, заедно со тимот заклучивме дека да се игра само еден турнир на земја не е во мој најдобар интерес и нема да влијае добро на подготовките за остатокот на сезоната. Ќе ми недостасуваат француските фанови кои секогаш ми даваа голема поддршка и се надевам дека ќе ги видам следната година на Ролан Гарос“, напиша Федерер на Фејсбук.



Датум: 15.05.2017, 21:01
Статијата е прочитана 729 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense