| контакт | маркетинг

11.04.2017

Лина елиминирана како „лаки лузер“ во Бил

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во првото коло на ВТА турнирот во Бил, Швајцарија

Нашиот рекет иако претходно беше елиминиран во квалификациите, сепак како среќен губитник влезе на главниот дел од турнирот. Но, таму доживеа елиминација од Маркета Вондрусова од 7:6, 6:1 и дефинитивно ги заврши настепите барем во овој дел.
Сепак, големо влијание има здравствената состојба на нашата тенисерка која е лоша. Поради тоа, Лина немаше можност подобро да и се спротистави на Вондрусова.
За Лина не се завршени активностите во Бил. Утре заедно со Анастасија Комардина ќе игра во конкуренција на двојки. За противнички ќе ги има Белгијката Елис Мертенс која е на 68. место на ВТА, како и Британката Хедер Вотсон која во својата кариера има освоено јуниорски Вимблдон.
Ѓорческа загуби во последното квалификациско коло од Александра Саснович, но доби мо0ќност да игра на главниот турнир, по откажувањето на Ализ Корне. ВТА турнирот во Бил е со награден фонд од 225 илјади долари и е еден од највредните според наградниот фонд на кој настапила нашата тенисерка.



Датум: 11.04.2017, 16:02
Статијата е прочитана 864 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense