| контакт | маркетинг
КОШАРКА

21.04.2017

Антиќ ја дигна на нозе „ОАКА Арената“: Свирежите ме мотивираат (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ ги испровоцира фановите на Панатинаикос, доби свирежи откако влезе во конфликт со Синглтон.

Фенербахче се најде на чекор до пласман на завршницата во Евролигата. Тимот за кого настапува Перо Антиќ на гостувањето кај Панатинаикос го доби и вториот меч (80-75), а нашиот кошаркар го одбележа мечот.
Антиќ успеа да ја испровоцира публиката во преполната „ОАКА Арената’, откако влезе во конфликт со кошаркарот на домашниот тим Синглтон.
„Навивачите на Панатинаикос се лути на мене, ние имаме историја. Сакам да играм во таква атмосфера, тоа дополнително ме мотивира. Видовме како бевме третирани од страна на претседателот, менаџерите и публика на ПАО. Кога ќе дојдат во Истанбул ќе видат како треба да се однесуваат со гости“, изјави Антиќ за турскиот медиум „amkspor.sozcu“.
Антиќ додава дека ништо не е завршено и покрај тоа што Фенербахче има водство од 2-0 и следниот меч го игра на домашен терен.



Датум: 21.04.2017, 10:57
Статијата е прочитана 1484 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense