| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

12.10.2017


Повторуваа пенали после 21 ден


Бизнарна случка во холандскиот Куп

Третолиграшките холандски клубови Лисе и Хоек мораа да ја повторуваат пенал серијата и тоа 21 ден подоцна поради грешка на судијата. Мечот одигран на 20 септември завршил со резултат 2:2, а Лисе победил по подоброто изведување на пеналите. Судијата им дал инструкција да го употребуваат АББА системот при изведување на пеналите. Лисе победил, а Фудбалската асоцијација на Холандија не го признава резултатот затоа што не се запазени правилата кои важат во Купот. А тоа се да се користи традиционалниот метод на изведување на удари од белата точка. Па така одлуката е повторно да се шутираат пеналите и тоа на 11 октомври. Така екипата на Хоек морала да патува 200 километри да шутира пенали, но патот им се исплати затоа што овојпат победила со 6:5 и се пласирала во наредната фаза каде ќе се сретне со Хераклес Алмело и притоа ќе добие финансиска награда.




Датум: 12.10.2017, 14:51
Статијата е прочитана 669 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense